„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Менувањето на грбот може да донесе нови конфликти, а химната нема потреба да ја менуваме оти ја одразува историјата, вели претседателката Давкова

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
siljanovska-davkova-2-1

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова смета дека химната нема потреба да се менува, додека за грбот, смета дека сега не е време. Шефицата на државата се плаши да не се влезе во нови конфикти.

— реклама —

„Точно е дека тој има симболи кои укажуваат повеќе на географијата отколку што на нешто што е белег на историјата. Имам само дилема околу отворањето на прашањето. Не негирам дека низ историјата најприсутен бил лавот на златна позадина. Но, мојата е дилема е следната – секогаш кога почнуваме да разговараме за вакви етнички прашања, симболи итн, со таква страст тоа го правиме, што не ни останува време за соочување со вистинските дилеми. Ако денеска зборуваме за драматични промени, треба да се адаптираме на драматичните промени. Се плашам да не влеземе во нови страсни конфликти“, рече Сиљановска.

Според неа, химната ја одразува историјата на Македонија и нема што да се менува.

— реклама —

„Ако ме прашувате за химната, апсолутно мислам дека нема потреба од промена на химната. Таа не одразува сегашност, секогаш изразува историска меморија, генеза и немаме ние право да менуваме. Не сум чула да менуваат луѓе, дури и во рамките на Европската Унија, во обидот да се донесе Уставот во 2005 година во ЕУ, беше предвидена химна, ама не дојде до тоа. Сите народи низ историјата креирале песни или химни кои се најважниот државен симбол и затоа не знам колку знаете – текстовите во химните, најголемиот број се во Уставот. Описот на знамето е во Уставот. Грбот е опишан во Уставот. Значи во законот врз законите“, рече Сиљановска-Давкова.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 2 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 2 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 2 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 2 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања