Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мерц незадоволен од овациите за Рубио: Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека би станал

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Свет
merc

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изрази незадоволство поради овациите што американскиот шеф на дипломатијата Марко Рубио ги доби на Минхенската безбедносна конференција.

„Не бев во салата, а дури и да бев, тешко дека би станал“, рече Мерц во политичкиот подкаст Machtwechsel.

— реклама —

Мерц напомена дека говорот на Рубио не бил конфронтациски како оној што минатата година на истата конференција го одржа американскиот потпретседател Џеј Ди Венс. Сепак, додаде дека содржината на говорот сè уште ја одразува политиката на претседателот Трамп, само во „пријателско пакување“.

Канцеларот реакцијата на публиката ја објасни со фактот дека присутните уживале што пред нив се обраќа Американец кој сè уште зборува како пријател.

— реклама —

„Тоа само по себе предизвика одредена емоција. Мене тоа не би ми било доволно, но очигледно во салата беше“, рече Мерк.

— реклама —

Рубио во Минхен се заложи за ревитализација на трансатлантското партнерство, но јасно даде до знаење дека таквата соработка ја гледа исклучиво под услови што ги диктира администрацијата на Трамп.

Говорот на Рубио во бајарската престолнина, во кој нагласи дека „САД и Европа припаѓаат едни на други“ и дека судбините на двата континенти „секогаш ќе бидат испреплетени“, беше дочекан со силен аплауз од публиката.

— реклама —

Повеќепати истакнувајќи дека Вашингтон сака соработка со Европа, Рубио предупреди дека сојузот треба да се поправи.

„Не сакаме слаби сојузници и не сакаме да бидеме пристојни и тивки чувари на пропаста на Западот“, порача тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryhes0fpoeh6aoaq1oydh

Рубио: Трамп ќе одлучи дали Зеленски ќе присуствува на самитот во Мајами

Свет | пред 1 седмица

— реклама —
media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио повика на заедничка акција на земјите-членки на Г20

Свет | пред 1 седмица

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио негира дека САД престанале да ѝ доставуваат разузнавачки информации на Украина

Свет | пред 3 седмици

media-library7b2po1sthnnv8xXcDjJ

Рубио: Војната во Украина е во опасна позиција

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања