Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Мерц: Обидот за напад со дрон врз германскиот аеродром покажува дека се соочуваме со „системска криза“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека обидот за напад со дрон врз германскиот аеродром Лајпциг-Хале минатиот месец покажува дека Германија се соочува со „системска криза“ со далекусежни последици, чии размери, според него, допрва ќе станат целосно јасни.

— реклама —

Говорејќи на настан во близина на Хановер, Мерц оцени дека одлуката на германската влада да ја обвини Русија за обидот за напад е „јасна и правно исправна“, пренесува Ројтерс.

— реклама —

Според него, со ваквата проценка Берлин испратил јасна порака до Москва да не продолжува со вакви форми на хибридно војување.

— реклама —

Германската влада на 1 септември официјално ја обвини Русија дека стои зад обидот за напад врз аеродромот Лајпциг-Хале на 4 август. Дрон наполнет со експлозив бил пронајден во близина на украински авион.

— реклама —

Како одговор, Берлин најави дополнителни мерки кон Русија. На 18 септември треба да биде затворен Генералниот конзулат на Русија во Бон, а Германија најави и раскинување на договорот за работењето на Рускиот дом во Берлин, како и заострување на контролата при влез на руски државјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryfbqe45p5aglecWxDifv

Германските ракети со дострел до 2.000 километри отвораат нова безбедносна дилема во Европа

Свет | пред 20 часа

— реклама —
media-libraryvbihsar60ogtaRRwyRX

Германија стравува од недостиг на гас, планира формирање државни резерви

Свет | пред 1 ден

media-library18i26ga29ta675rNxAu

Германија ги исфрла кинеските дронови од употреба во својата војска

Свет | пред 1 ден

media-library28mg73apibvg37GaVOa

(Видео) Инцидент пред германскиот парламент: Палестинско знаме го замени германското

Свет | пред 4 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања