Промени тема
Контакт
Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK 2:18:21

Мерц по победата на AfD: „Потресени сме до темел“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар и претседател на Христијанско-демократската унија (CDU), Фридрих Мерц, оцени дека победата на Алтернатива за Германија (AfD) на изборите во покраината Саксонија-Анхалт претставува сериозен потрес за неговата партија, но истовремено ја отфрли можноста за каква било соработка со крајнодесничарската партија.

— реклама —

„Имаме силен устав во Германија и силни механизми со кои можеме да го браниме од деснорадикална влада, но и покрај тоа, станува збор за тектонски удар врз нашиот партиски систем“, рекол Мерц на затворена седница на претседателството на CDU.

Мерц призна дека резултатот во Саксонија-Анхалт ја потресол CDU, која во споредба со изборите пред пет години го преполовила својот резултат. AfD, од друга страна, освои околу 44 отсто од гласовите.

— реклама —

„Овој резултат ја потресе CDU до темел и не можеме едноставно да продолжиме како ништо да не се случило. Тоа се однесува и на сојузната влада“, рекол Мерц.

— реклама —

Тој оцени дека CDU во источногерманската покраина „не воспоставила емоционална поврзаност со гласачите“.

Мерц посочил и дека AfD успеала да мобилизира голем број гласачи кои досега не излегувале на избори. Сепак, категорично ја отфрли можноста за соработка со партијата.

„Тоа е партија која сака да ја уништи CDU и затоа со неа е невозможна каква било форма на соработка“, изјавил Мерц.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 1 час

— реклама —
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 2 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц повторно под притисок: Германците гласаат во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија

Свет | пред 1 месец

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц со порака до Иран: Прекинете ја блокадата на Ормускиот Теснец и престанете со дестабилизација

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања