Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Мерц со порака до Иран: Прекинете ја блокадата на Ормускиот Теснец и престанете со дестабилизација

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 месец -

Свет
media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар Фридрих Мерц го повика Иран да престане со дестабилизирање на регионот и да не го проширува конфликтот кон Ирак преку вооружените групи што ги поддржува.

Мерц ова го изјави во Берлин на заедничката прес-конференција со ирачкиот премиер Али ел Заиди, со кого разговараше за регионалната безбедност, последиците од војната меѓу САД и Иран и блокадата на Ормускиот Теснец.

— реклама —

„Техеран мора да престане да ги поддржува посредничките групи низ регионот. Последиците од тоа ги гледаме секојдневно. Исто така, го повикуваме Иран дополнително да не го проширува конфликтот кон Ирак“, порача Мерц.

Германскиот канцелар побара Иран конечно да ја прекине блокадата на Ормускиот Теснец и да ја запре, како што наведе, својата воена нуклеарна програма.

— реклама —

Тој додаде дека Берлин ја поддржува иницијативата на ирачката влада за разоружување на милициите под влијание на Иран, како и нејзините напори за воспоставување мир и безбедност.

— реклама —

Мерц и Ел Заиди разговарале и за состојбата во Црвеното Море, каде што, според германскиот канцелар, Хутите ја прошириле контролата долж јеменскиот брег и го зазеле островот Мајун во теснецот Баб ел-Мандеб.

„Хутите сега контролираат стратешки позиции околу теснецот Баб ел-Мандеб и напаѓаат енергетски постројки во Саудиска Арабија. Тоа дополнително ја отежнува состојбата на меѓународните енергетски пазари“, рече Мерц.

Тој порача дека меѓународната заедница не смее да дозволи Хутите да го загрозуваат поморскиот сообраќај во Црвеното Море и дека ЕУ, заедно со партнерите во регионот, разговара за заеднички чекори за придонес кон завршување на конфликтот.

Во однос на иднината на германската воена мисија во Ирак, Мерц потврди дека таа завршува на 30 септември, на барање на ирачката влада. Сепак, Берлин е подготвен да продолжи со воената соработка со Ирак во други облици, доколку за тоа постои интерес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Германскиот канцелар против соработка со АфД: „Немаат место меѓу нас“

Свет | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryd2qu3p83d63k7PIAIdi

Мерц: Црна Гора би можела да стане 28. членка на ЕУ во 2028 година

Балкан | пред 3 дена

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц од Киев до Путин: „Запрете ја оваа бесмислена војна, подготвени сме за разговори“

Свет | пред 3 седмици

media-libraryaso9h1af555u1wFRb0z

Мерц повторно под притисок: Германците гласаат во Берлин и Мекленбург-Западна Померанија

Свет | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања