Промени тема
Контакт

Mercedes ги враќа физичките копчиња по критиките од возачите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-library9tfq59g49bjieXHlOZO

Германскиот производител на автомобили Mercedes-Benz призна дека претерал со замената на класичните команди со екрани чувствителни на допир и најави дека во идните модели повторно ќе вградува повеќе физички копчиња и прекинувачи.

— реклама —

Директорот за продажба и маркетинг на компанијата, Матијас Гајзен, изјави за „Аутокар“ дека купувачите ги ценат големите дигитални екрани, но истовремено сакаат и класични команди за најчесто користените функции, како што се регулирањето на температурата, јачината на звукот и други основни поставки.

Според него, Mercedes уште пред две години сфатил дека ентериерите речиси целосно ослободени од физички копчиња не ги задоволуваат очекувањата на сите возачи. Сепак, компанијата нема намера да се откаже од големите дигитални дисплеи, кои ги смета за важен дел од модерниот луксуз и персонализацијата на возилата.

— реклама —

Првите промени веќе се направени, па на одредени модели хаптичките команди на воланот се заменети со класични тркалца, а слични решенија се очекуваат и кај останатите модели.

— реклама —

Сличен пристап во последните години усвоија и други производители, меѓу кои Volkswagen, Hyundai и Subaru, кои исто така повторно воведуваат физички команди по периодот на доминација на екраните на допир.

На ваквите промени влијаат и препораките за безбедност. Организацијата Euro NCAP планира во идните безбедносни тестирања дополнително да ги вреднува возилата што имаат физички команди за клучните функции, бидејќи истражувањата покажуваат дека прекумерното користење на екрани може да го одвлече вниманието на возачот и да го продолжи времето на реакција.

Од Mercedes порачуваат дека иднината ја гледаат во комбинација од големи дигитални екрани и практични физички команди, со цел да се подобрат корисничкото искуство и безбедноста при возење.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library765sj7etnlel6cVnUKr

Renault го оживува легендарниот 8 Gordini како електричен спортски автомобил

Магазин | пред 2 седмици

— реклама —
media-libraryctsjs6f4tcf01VcvX0B

Volkswagen повлекува 208.724 возила поради сериозен проблем со управувањето

Магазин | пред 3 седмици

media-librarykeg5tlm32u967UyNidx

Opel ја претстави новата Astra GSE Line со бензински, хибриден и електричен погон

Магазин | пред 3 седмици

media-libraryua7icmq88ja02kBGO2y

Дачија откри: Ова е копчето што возачите најмногу го користат

Технологија | пред 3 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања