На седница на Комисијата за европска политика на Бундестагот, германската канцеларка Ангела Меркел ставила јасно до знаење дека одлука за датумот за преговори на Северна Македонија за приклучување во Европската унија е можно да се донесе „најрано во октомври“,објави германскиот весник „Зиддојче цајтунг“, а пренесува Дојче Веле.
„Со тоа, канцеларката застана јасно наспроти својот коалициски партнер – СПД, која се залага за гласање во Европскиот совет веќе на 18 јуни. Државниот министер Михаел Рот од СПД во Комисијата за европска политика во вторникот категорично се залагал за почеток на преговори за приклучување, но не наишол на ,,отворни уши’“ кај ЦДУ и ЦСУ, објави „Зиддојче цајтунг“.