Промени тема
Контакт

Мерките не се присилна вакцинација, објаснуваат од кај Филипче

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
51584929144_5dfd3d58c9_k

Министерството за здравство реагира на соопштението на Конфедерацијата на синдикати во кое се тврди дека мерките кои ги предлага Комисијата за заразни болести се „присилна вакцинација“.

— реклама —
— реклама —

@Вработените кои ги опфаќаат новите мерки имаат избор да приложуваат и негативен тест еднаш неделно доколку одлучат да не се вакцинираат, а сите оние кои имаат здравствени проблеми заради кои не може да се вакцинираат тоа не се присилени да го направат. Истите мерки кои ги предлагаме се веќе воведени во многу земји во Европа и регионот како на пример во Словенија, Хрватска и Грција каде одамна се на сила. Во услови кога се заканува нов силен Ковид бран, должност на министерството и Комисијата е да предлагаат соодветни мерки кои со сигурност ќе дадат резултати како за намалување на ширењето на вирусот, така и за подигање на процентот на имунизирано население. Протести или други форми на изразување на незадоволство против мерките се демократско право, но исто така спротивно на здравствените препораки кои доаѓаат од светските здравствени институции. Апелираме на одговорност на сите граѓани и чинители во општеството со цел заеднички да ги надминеме сите предизвици со пандемијата која за жал, се уште коси во светот. Бараме поддршка за мерките кои се во интерес на јавното здравје и заштита на здравствениот систем кој трпи огромен притисок пред се од лица кои не се вакцинирани, а имаат потреба од болничко лекување“, велат од МЗ.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања