Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мерко асфалтирањата ги прави како ’мачката со опашката‘, обвинува Алијанса за Албнаците

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
46317741_255773971764209_8357199638603759616_o

Овие денови, сведоци сме на една еуфорија на асфалтирања од страна на Општина Струга и Рамиз Мерко. Иако сме на сред изборна кампања и без законско право, актуелниот градоначалник на општината започнал асфалтирање на улици и улички без никаков критериум, без никаков стандард, некаде по два, а некада по четири сантиметри дебелина, со единствена цел за да ги залаже граѓаните на почетокот на изборите и само за придобивка на уште еден дополнителен глас, реагираше Алијанса за Албанците преку соопштение.

„Кога намерите се лоши, плановите пропаѓаат и природата те засрамува. Дождот што почна да врне и што продолжува во текот на целиот ден, ги извади на површина сите измами на Рамиз Мерко. Милиони денари, стотици илјади евра на граѓаните на Струга се потрошија залудно, бидејќи асфалтирањата се прават непрофесионално, како ’мачката со опашката‘. Само со една прошетка низ улиците на градот ќе забележите дека новите асфалтирани улици за време на предизборната кампања се преполни со вода и се непроодни, невозможно е граѓаните да поминат по улиците. Ова предизвикува хаос во сообраќајот и големи пречки во движењето на граѓаните. Затоа, немојте да дозволите да бидете измамени сега. Немојте да им верувате на тие што во текот на нивните три мандати станаа провесионалци за измами. Уште малку денови останаа и Струга ќе дише слободно. Конечно ќе се ослободи од неодговорните лица, коишто единствено се збогатија на сметка на граѓаните и институциите ги третираат како да се нивна лична сопственост. Ништо повеќе. На 17 октомври, без многу врева, со насмевка на лицето и со кренати глави, заокружете го бројот шест, гласајте чисто и да го ослободиме нашиот убав град Струга“, се вели во партиското соопштение на Алијанса за Албанците.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања