Мерко не трошел без мерка - не си купил нови костуми на сметка на општината повеќе од една година !
https://www.facebook.com/skopje1mk/videos/567871887047961/
Гостувајќи на телевизија 24 градоначалникот на Струга Рамиз Мерко кажа дека една година немал купено нова облека на сметка на општината и на тоа штедел пари, па затоа купил ново ауди и шкоди.
„ Оставете тоа, шкодата не е возило за мене ! Јас во шкода ли да се возам ? Ме личи ли мене во шкода ? Јас немам купено нова облека на сметка на општина Струга иако ми следува еднаш годишно да ја обновам облеката на сметка на општината. Зарем треба да одам како партал ? - рече Мерко во студиото.
Тој кажа дека неможел да се вози со такси и затоа општината купила ново Ауди од 70.000 евра.
Додека Мерко ги изговараше овие зборови се пуштаа фотографии од новото возило, а Мерко тоа го прокоментира:
,,А, го гледате колку е убаво, нели? Многу е убаво Аудито. Да ви кажам право мислевме да земеме Ауди 8, ама рековме ајде да не претеруваме“-изјави Мерко и додаде дека е срамота што го прашуваат вакви прашања, па зарем треба еден градоначалник да се вози во Шкода, праша Мерко и додаде:
„Ова е кола за мене ! Да не мислите ќе се возам со фиќо “ - рече Мерко.
ПАЛЕЊЕТО НА ТРСКАТА БИЛО НОРМАЛНА РАБОТА
Мерко смета дека е нормално во овој период што гори трската, бидејќи како што рече, луѓето го чистат земјиштето од дива вегетација за следните сеидби.
Тој смета дека е направена медиумска антикампања и дека на овие случаи им се придава преголемо значење.
Мерко објаснува дека трската што се пали е во приватни имоти.
Тој смета дека со медиумската кампања се прави невиден притисок врз луѓето што живеат таму, а некои поради притисокот можеби и за инает ќе ги палат трските и стрништата.
Мерко практично го оправда палењето на трските и не покажа никакво чувство на одговорност.
Повтори дека се прави хајка против општина Струга за да нема успешен туризам.
Тврди дека нема да им нови шанкови или урбана опрема на местото на запалената трска, а за една недела таа повторно ќе зазелени.