Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мерко потпиша дека ќе се залага за заштита на Охридското Езеро, а не урива дивоградби на крајбрежјето

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
1-3

Со потпишување на заедничката изјава за поддршка на Студијата за валоризација на Охридското Езеро, градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебрца – Константин Георгиевски, Рамиз Мерко и Зоран Ногачески, ја потврдија подготвеноста да соработуваат во процесот на репрогласување на Охридското Езеро за Споменик на природата.

Во таа пригода министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини истакна дека веќе e постигнaт напредок во делот на заштита на Охридското Езеро, како една од најрепрезентативните и меѓународно препознаени природни убавини во нашата држава.

— реклама —

„Неодамна овој напредок беше препознаен и од Комисијата на УНЕСКО, кога добивме дополнителен период да постапиме по нивните препораки и да ги завршиме започнатите активности. Токму Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро и работата на нацрт-планот за управување, беше една од клучните активности со кои ние ја покажавме подготвеноста вистински да го заштитиме Охридското Езеро – изјави министерот Нуредини, додавајќи дека единствен начин да се постигне поставената цел е заедничкото, здружено делување на централната и локалната власт, воспоставување соработка и добра координација на локалните самоуправи.

— реклама —

Студијата за валоризација на Споменикот на природата – Охридско Езеро беше предадена на општините Охрид, Струга и Дебрца со цел усвојување од страна на нивните совети и формално доставување до Министерството за животна средина и просторно планирање, за отпочнување постапка за повтoрно прогласување на Охридско Езеро за заштитено подрачје во согласност со Законот за заштита на природата.

— реклама —

Директорот на Регионалната канцеларија на IUCN за Источна Европа и Централна Азија, Борис Ерг, објасни дека реномирани национални и меѓународни организации за зачувување, во последниве неколку години, водеа истражувања во и околу Охридското Езеро, а собраните податоци се интегрирани во Студијата за валоризација за Охридското Езеро.

Меѓутоа, според него, за ефективно управување со езерото и заштита на неговите извонредни природни вредности, клучна е заедничката визија на Министерството за животна средина и просторно планирање на Северна Македонија и трите општини околу Охридското Езеро во Северна Македонија, како и поддршката и соработката на граѓанските организации.

Во рамки на настанот беше изведено и примопредавање на Сертификатот на градоначалниците на општините Охрид, Струга и Дебарца, во кој е наведено дека Охридското Езеро е внесено во светската Рамсарска листа на заштитени водни живеалишта.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања