Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мерко тврди: Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви, ниту со дозвола

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
merko

Над 4 илјади барања за легализација на дивоградби се одбиени од струшката општинска власт во изминатава деценија, но ниту една од нив не е урната, покажува последниот извештај на Државниот завод за ревизија. Во оваа бројка не влегуваат дивоградбите за кои воопшто не е поднесено барање за легализација.

Актуелниот градоначалник на општина Струга Рамиз Мерко во изминативе неколку години во медумите тврди дека во Струга нема дивоградби, спротивставувајќи се на извештајот на УНЕСКО, на централната власт и на новинарските истражувања кои го покажуваат спротивното. Последен пат Мерко со такво тврдење излезе во март годинава, кога посочи дека Струга нема проблем со заштита на природното и културното наследство, објави Слободна Европа.

— реклама —

„Целосно е запазена зоната покрај езерото да нема градби, ниту диви, ниту со дозвола. Во тој предел и не смееме да дадеме одобрение за градење. Одговорни сме и во никој случај не го загрозуваме природното и културното наследство за зачувување на стаусот во УНЕСКО“,изјави Мерко.

— реклама —

извор:Слободна Европа

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања