Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство
„Претрес“ на Фуркан Салиу: Национализам, двојни стандарди, политика, поделби, новинарство

Металика го победи Ајрон Мејден во „сеизмичкиот дуел“ во Атина

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Магазин
media-librarycj2pnb72va43bfDpqlb
фото: unsplash

Концертот на Металика во Атина предизвикал посилни микроземјотреси од настапот на Ајрон Мејден, покажало истражување на Институтот за геодинамика при Националната опсерваторија на Грција.

Според научниците, инструментите за следење на сеизмичка активност регистрирале микропотреси за време на двата концерта одржани на Олимпискиот стадион во Атина, но оние предизвикани од публиката на Металика биле значително посилни.

— реклама —

Истражувањето покажало дека околу 80.000 посетители на концертот на Металика на 9 мај создале вибрации еквивалентни на земјотрес со магнитуда од 1,5 степени, а најсилниот ефект бил забележан за време на изведбата на песната „Moth Into Flame“.

Од друга страна, публиката на Ајрон Мејден, која броела околу 50.000 луѓе на концертот одржан на 23 мај, создала вибрации со јачина од 0,9 степени според Рихтеровата скала, додека се изведувала песната „Killers“.

— реклама —

Сеизмолозите анализирале и движења на навивачите за време на финалето на Евролигата, одржано во близина на стадионот, но утврдиле дека тие предизвикале послаби вибрации од двата музички спектакли.

Од Институтот наведуваат дека резултатите покажуваат како современата сеизмологија може да ги регистрира не само природните појави, туку и влијанието на човековата активност врз околината. Според нив, двата концерта претставувале своевидна „природна лабораторија“ во која колективното движење, ритамот и ентузијазмот на десетици илјади обожаватели биле претворени во мерливи сеизмички бранови.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања