Промени тема
Контакт
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2
Отворена сцена, музика, забава, подароци, разговори со Некст тајм, Пејчиновски, Кировски, Везилка 2

Метју Меконахи 22 дена живеел во џунгла под друго име за да „се пронајде себеси“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Магазин
media-library4u292kacp9uq5ogD9oQ
screenshot youtube

Славниот актер Метју Меконахи откри дека повремено бега од холивудскиот живот за повторно да го пронајде сопствениот идентитет.

Во неодамнешно гостување во подкаст, оскаровецот раскажал дека поминал 22 дена во перуанската прашума, живеејќи под името „Матео“.

Меконахи објаснил дека на вакво патување тргнал по огромниот успех на филмот A Time to Kill, кој преку ноќ го направил светска ѕвезда.

— реклама —

„Требаше повторно да се спуштам на земја“, изјавил актерот, додавајќи дека сакал луѓето да го запознаат како личност, а не како славна фигура.

— реклама —

Тој рекол дека по 22 дена поминати во Перу почувствувал дека повторно го пронашол сопствениот идентитет.

Меконахи откри и дека подоцна заминал сам во пустина без струја, каде што пишувал поезија и се соочувал со сопствените мисли и стари дневници.

— реклама —

Актерот се прослави со филмот Dazed and Confused, а подоцна стана познат по романтичните комедии како How to Lose a Guy in 10 Days. Во 2014 година освои Оскар за улогата во Dallas Buyers Club.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања