Вечерва разрешени потпретседателите во СДСМ се Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Разрешен е и генералниот секретар Александар Кирацовски, како и и организацискиот секретар на партијата Миле Зечевиќ,
За нов генерален секретар на партијата е предложен министерот за земјоделство Љупчо Николовски. Тој нема да биде повеќе на министерската функција.
Пред одржувањето на ЦО на СДСМ, оставка на функцијата претседател на Форумот на жени на партијата дала и Цветанка Ласкова.