„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Метлата, Заев и Оливер: 6 причини за разрешување на Спасовски од МВР

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
oliver-spasovski-zoran-zaev

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски е еден од функционерите кои иако според јавноста заслужуваат да ги собере најавената „метла“, иако тоа нема да се случи. Спасовски е најповикан за безбедноста во државата, а токму на тоа поле, откако е дојден на функцијата, го бијат многу скандали. Според коментарите на поединци, Спасовски иако треба да биде отстранет од функцијата тој е еден од најблиските луѓе на премиерот Зоран Заев.

— реклама —

УБИСТВОТО НА ЈАНУШЕВ

Една ипол година по убиството на младиот фудбалер Мартин Јанушев, убиецот сеуште е на слобода. Нема обвинение против него, а полицијата не успеа да го најде. Ова е еден од најголемите нерешени случаи кои треба да ја тресат фотељата на Оливер Спасовски. Убиецот е веќе надвор од Македонија, а за министрот оваа ликвидација која се случи во Скопје беше само мотив за да одржи прес-конференции на кои вети, но не оствари, а тоа е одговорнсот за сторителот.

— реклама —

ДВОЈНО УБИСТВО ВО СКОПЈЕ

За јавноста сеуште е непознат резултатот од истрагата на МВР за двојното убиство во центарот на Скопје, на улицата Рузвелтова во близина на СЈО. Епилог не се знае дали има, но ниту одговорност од надлежните за непостапување.

БЕГСТВОТО НА ГРУЕВСКИ

За овој случај јавноста е добро запознаена. Ниту една од институциите не признаваат дека имаат одговорнсот за бегството на Груевски, па така и Спасовски. Имено, наместо да се уапси, на Груевски му се дозволи да избега во Унгарија, а истовремено, да добие и азил во таа земја. Наместо во затвор, Груевски деновиве ја издава својата нвоа книга.

СЛУЧАЈОТ „ЛАСКАРЦИ“

Оливер Спасовски се најде како мета на јавноста и кога во прашање беше случајот „Ласкарци“. Погледите се вперија во него, кога се дозна дека сопственикот на компанијта превозник „Дурмо турс“ е сопственик и на станица за технички преглед „Авто мото здружение“-Гостивар каде си ги регистирирал возилата. Неколку дена по несреќата се дозна дека на станицата за технички преглед и била одземена, па вратена дозволата за работа. Во јавноста не се слушнаа детали. Спасовски се најде како мета во овој случај и затоа што и по стравичната несреќа, МВР не изврши веднаш контрола над сите автобуси на „Дурмо-турс“, туку дозволи компанијата и натаму непречено да превезува патници. За потсетување, повеќе од 15 лица загинаа со автобус на оваа компанија, поради технички пропусти, но и неприлагодена брзина на возачот.

ПАЈАКОТ И ПОЛИЦАЈКАТА

Случајот со нападната полицајка Јаначковска се најде на сите насловни страни, се бараше одговорност, но се заврши неславно. Иако првичните информации беа дека таа била физички нападната од страна на функционер од ДУИ, по нејзината средба со Спасовски, излезе друга приказна во јавност. Тука се отвори прашањето, дали коалиционите партнери на СДСМ се поважни од безбедноста на полицајците? Зошто снимките од безбедносните камери се кријат од јавноста?

УСЛОВИТЕ ВО КОИ РАБОТИ ПОЛИЦИЈАТА

Независниот синдикат на полицијата обвинува дека полиција е на работ на егзинстенција, изолирана, а во некои од станиците нема ниту вода и струја. За сосојбата на полицијата се жалат и вработените, кои ги потврдуваат овие наводи.

Втор дел од оваа глава, кога во прашање се условите, е притисокот врз полицајците. Некои од нив се подлежни на тортура. Стевче Стевовски од Охрид е еден од полицајците кои неговите патешествија ги раскажа јавно и јасно посочи на одговорнсот, но ниту еден од неговите случаи не е решен. Внатрешната контрола спие, а на Оливер Спасовски не му текнува да ја разбуди.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања