Промени тема
Контакт

Мицевски: Од што се плаши СДСМ што не сака да поддржи Декларација за да го заштитиме и да се обединиме околу Гоце Делчев?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Nikola-Micevski-07.05

Декларацијата за Гоце Делчев е поднесена со намера да биде поддржана и тоа да бидат црвените линии покрај Резолуцијата која ја изгласавме во Собранието. Поучени од минатото сметаме дека треба и околу ова прашање да имаме е заеднички став по однос на отворените преговори со Софија да не се оди надвор од тие црвени линии, изјави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во емисијата „Објектив“ на МТВ.

Тој посочи дека ВМРО-ДПМНЕ бара поддршка за во Собранието да се изгради став за најголемиот македонски деец врз кој се врзува историјата и тоа да биде одредување на крајните линии и граници.

— реклама —

Мицевски посочи дека договорот кој го потпиша Заев со Бугарија ни отвори проблеми кои досега ги немавме.

— реклама —

Договорот кој Заев го потпиша за кој кажавме дека има одреден број на проблеми. Со неколку потчукнувања на грбот од страна на Борисов се потпиша тој Договор за добрососедство и тој договор почна да продуцира проблеми. Ако власта вели дека никој не го чепка македонскиот идентитет, еве шанса да го заштитиме, рече Мицевски.

— реклама —

Тој прашува од што се плаши СДСМ за да го заштитиме Гоце Делчев и да кажеме дека околу него ќе застанеме и ќе дадеме целосна поддршка?

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања