Промени тема
Контакт

Мицевски: ВМРО-ДПМНЕ ќе интервенира амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
micevski

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата и ќе интервенираме амандмански за доследно почитување на колективните договори и коефициентот на сложеност на работните места, изјави пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски во „Објектив“ на МТВ.

Тој истакна дека потребен е и ребаланс на буџетот за да се разгледаат и зголемат дотациите на општините.

- Власта сега не ги зголемува дотациите, а тие им се потребни на општините за платите. Државата ќе биде добитна во својата каса, а општините изложени на трошок. Ние сме за зголемување, но минималната плата да ја следи и продуктивноста. Работодавачите се загрижени за своите бизниси, вели Мицевски.

Тој прашува дали власта воопшто разговара со бизнис секторот, затоа што викаа дека ваков усогласен став имаа за недела работен ден па испадна дека не е.

— реклама —

Според него минималната плата треба да се покачи, но граѓаните од оваа власт се осиромашени.

— реклама —

- Минималната плата нема да ги покрие тендерите на СДСМ и ДУИ и покачувањата кои се случуваат, сега имаме кризи кои придонесуваат за зголемување за сиромаштијата, изјави Мицевски.

Мицевски се осврна и на Пржинската влада и предвремени парламентарни избори при што истакна дека Пржинската влада се покажа нефункционална и треба да се укине како што беше договорено на лидерска средба со претседателите на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски и поранешниот претседател на СДСМ, Зоран Заев, но СДСМ бега од тоа бидејќи се исплашени од поразот свесни за последните резултати

— реклама —

Пржинската влада се покажа дека не е функционална, таа можеше да се види на последното составување кога СДСМ од позиција на сила ја смени министерката Рашела Мизрахи. По договорот од лидерската средба и нешто што беше договорено од двете партии СДСМ сега ретерира и е против измените. Измените во законот за Влада се одредени ставови кои треба да се избришат и да се вратиме на старото законско решение н избори од 45 до 60 дена. За жал СДСМ исплашени од последните резултати на локалните избори, на анкети кои граѓаните им ги испорачуваат токму поради лагите и манипулациите, рече Мицевски.

Мицевски истакна дека не само укинување на Пржинска влада потребни се итни предвремени парламентарни избори, затоа што ден повеќе со владата на ДУИ и СДСМ граѓаните стануваат се посиромашни.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања