Промени тема
Контакт

Мицкоски: „2018 беше година на сиромаштија и економска криза“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
mickovski

Зголемени трошоци, фабрики кои не работат, странски инвестиции кои наместо да доаѓаат, се одливаат од државата. Нема пласман на земјоделските производи,трудот е потценет и дискриминиран, нпиша лидерот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на својот ФБ профил и додаде:

— реклама —
— реклама —

„Најава за зголемени даноци со кои директно се удира по стандардот на граѓаните, работниците, интелектуалците, земјоделците, луѓето кои живеат од рента, оние со авторски договори, тие кои се обложуваат и играат игри на среќа, се удира по малиот, средниот и крупниот бизнис. Се воведува данок на реинвестирана добивка. Се удира и по најсиромашните, лебот поскапе за 20 отсто, бензините поскапеа, цените растат, а младите не престануваат со иселување. Парите се земаат од народот за власта да се луксузира. За нови нефункционални заменици директори кои ќе ги плаќа народот, за матни и скапи тендери. Ова се црнилата кои ги живеат граѓаните секој ден од оваа година. Следува нова година, нова надеж, година на одлуки и промени, година кога ќе имаме шанса да ги победиме овие црнила, да ги оставиме во старата година како симбол на едно загубено и мачно време. Затоа ни е потребна зората која ќе донесе победа над ова црно владеење, зора која ќе донесе подобри времиња!“, напиша Мицкоски.

— реклама —

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 4 години

— реклама —
bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 7 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања