„Мицкоски да не бара алиби, на фер и демократски избори ќе добие нова казна од граѓаните“, обвинуваат од СДСМ.
„Христијан Мицкоски да не бара алиби уште сега за поразот на локалните избори, тие ќе бидат фер и демократски и на нив Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ ќе добијат уште една казна од граѓаните. Разбираме дека е уплашен, дека го чека казната од граѓаните, но по дебаклот што му се случи на ТВ дуелот, на Мицкоски не му се доволни ниту 10 интервјуа за да се опорави“, додаваат од СДСМ.