Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски бара лекарско уверение за раководството на СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Македонија
media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

Премиерот Христијан Мицкоски од собраниската говорници подели остри забелешки на сметка на СДСМ. Обвини дека опозициската партија во јавниот простор настапува со збунувачки пораки и тенденциозни тврдења чија цел, рече, не е политичка дебата туку одржување на внатрешна кохезија пред изборен пораз.

— реклама —

Наведе примери со кои СДСМ ја лажеле јавноста, рече дека ширеле паника оти буџетот е празен и ќе нема плати и пензии, дека е зголемен долгот и буџетскиот дефицит и државата ќе банктотира.

— реклама —

,,Не само што не банкротираше, туку според сите параметри е држава за пример во регионот”, рече Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на, како што рече, „токсичниот политички речник“ кој доаѓа од опозицијата, изразувајќи загриженост за нивото на јавна комуникација.

— реклама —

Со иронија, тој дури предложи воведување лекарски прегледи за партиски функционери, алудирајќи на, како што го нарече, „психолошкиот притисок и состојба“ во која се наоѓа раководството на СДСМ.

— реклама —

Премиерот предупреди и на можни идни политички потези од страна на опозицијата, тврдејќи дека би можеле да се обидат да го оспорат изборниот процес или да создадат оправдувања за резултатите на следните избори. Не ја исклучи ниту можноста за нивно дистанцирање од изборниот процес.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 11 час

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 20 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 20 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања