Девет години од петкратното убиство на Смилковското езеро. Девет години на болка, исчекување, неправда.
Девет години на лажна надеж од Заев и едно траорно и ужасно манипулирање со оваа огромна трагедија.
Монструозно поигрување со болката на нивните семејства, напиша на својот ФБ профил, претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
Мицкоски во објавата додава:
Девет години од бруталното убиство на Филип Славковски, Александар Наќевски, Цветанчо Ацковски, Кире Тричковски и Борче Стевковски. Овие луѓе не погрешија ништо, а платија со животите. Нема да бидете заборавени.
Слава им!
