Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу
Болници, лекови, специјализанти, закон за пушење, Брза помош, хаосот: „Претрес“ на министерот Алиу

Мицкоски до Филипче: Професионално ли е што судот на Марковски за стомилионски криминал му дава куќен притвор?

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Македонија
media-library265bilv302btbIzqgC8

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  се обрати од  народниот митинг одржан во општина Богданци, во рамки на изборната кампања 2025 која е под слоганот ,,Вистинскиот избор! Твојот човек! Твоето место! За твојата иднина!“, за претстојните локални избори закажани на 19 октомври. Мицкоски зборуваше на темата за судството и обвинителството во земјава. Според него, луѓето кои ги направија предавствата на државата, кои менуваа име и Устав, и кои изнесуваа милиони надовр од неа, повторно се обидуваат да го лажат народот, а нивната лагодност е во тоа што знаат дека имаат чувари во судството и обвинителството, и притоа лидерот на СДСМ се изјаснува во јавноста дека 2% доверба на граѓаните во судството за него е професионално. Тој додаде дека после локалните избори, потребен е ресет на системот.

— реклама —

,,И кога ќе ме запрашаат од каде почнавте да работите овие 15 месеци како Влада, одговорот е тежок, затоа што велиме дека започнавме од самите темели. Толку тие беа разрушени, разјадени и ослабени што, по три децении независност и седум години катастрофално владеење, моравме повторно да почнеме од темелите на Македонија“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски нагласи дека кај истите луѓе кои ја распродаваа историјата на државата, менуваа Устав и изнесуваа милиони надвор од неа, има отсуство на срам и според него, покажува дека го потценуваат народот, а и повторно се обидуваат да го излажат.

— реклама —

,,Навистина гледам дека тие исти луѓе кои седум години уриваа, кои менуваа име, Устав, распродаваа историја, крадеа, купуваа трговски центри, изнесуваа милиони, правеа дилови на грбот на народот, истите тие ги има фатено една колективна амнезија и без мува да ги лази излегуваат и коментираат, обвинуваат и лажат. Кај сите до еден кај нив има огромно отсуство на срам, и тоа отсуство на срам, говори дека не само што не научиле ниту една лекција, туку ја потценуваат интелигенцијата на народот и повторно сакаат да го излажат со истите фрази, со истите зборови“, кажа Мицкоски и додаде:

— реклама —

,,Заев ветуваше живот, а овој сега неговиов наследник, Филипче, ветува среќа. Првиот ветуваше дека ќе ја заштити македонската жица од гитарата, вториот имал црвени линии со Бугарија. Првиот му ја води кампањата, а пак овој вториов слепо го следи. И нивната комоција се должи, освен на отсуството на срам, и на нивната желба за моќ, пари и богатење на грбот на народот. Просто е прашањетом, како со државна, докторска или градоначалничка, па и премиерска плата се стигнува до згради и златна виза во Дубаи? Милионски имот кој вртоглаво расте во годините кога тие се влада. Одговорот е преку криминал и неказнета корупција“.

Според него, нивната лагодност се должи на тоа што тие знаат дека имаат чувари во правосудството, и за кое лидерот на опозициска СДСМ изјавува дека ова судство кое ужива само 2% доверба било професионално.

,,Нивната лагодност се должи и на фактот што имаат чувар во обвинителството и судството, кои се пак последниот бастион на оваа наша длабока држава. Го слушав внимателно, вчера Венко Филипче како говори дека тоа судство и обвинителство е професионално. Замислете, ова судство и обвинителство со два процента рејтинг било професионално. Тоа што повеќе од 100 пријави ги држат во фиока, тоа што ќутат и тоа молчат за плацовите, вилите, за бизнисите со државни тендери, за вакцините од Кина, не ги прави професионални, туку напротив, ги прави криминални“, вели Мицкоски.

Мицкоски додаде дека, сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, на кој за сомнеж за криминал од сто милиони му е доделен куќен притвор, според него ова не е професионално туку криминално.

,,И додека ова Филипче го говори, во истиот момент, во исто време судот на сопственикот на омилената фирма на СДСМ и ДУИ, Марковски, кој парче по парче направи во РЕК, за сомнеж за криминал од сто милиони, му доделија куќен притвор. Да го прашам Венко, професионално ли е што за сто милиони неговиот суд му дава само куќен притвор, а за некој што украл 10  ќебапи има притвор со месеци? Во ништо од ова нема професионално, туку само криминално“, посочи Мицкоски.

Мицкоски нагласи дека после локалните избори годинава, на државата и е потребен целосен ресет, и само на тој начин ќе обезбеди иднина.

,,И од тоа бегате упорно затоа што знаете дека после овие избори, лично ќе се позанимавам со правдата која за сите оние што се огрешиле е недостижна. И тоа мора да се смени, затоа што на Македонија повеќе од сè досега ѝ треба ресет на системот и не само во судството и обвинителството, туку ресет и во секоја пора од општеството. Ресет на вредностите кои ги газат и на сфаќањата кои мораат да ги променат. И само така сите ние, заедно, ќе обезбедиме иднина каква заслужуваме, целосно свесни дека ова е најважната битка на нашата генерација, која мораме да ја победиме“, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

zemjodelstvo

СДСМ: Земјоделците се на колена поради Мицкоски

Македонија | пред 9 часа

media-librarya8f7lrt0dvnv9fOfN2S

СДСМ: 1.500 работници останаа без работа поради Мицкоски

Македонија | пред 10 часа

media-librarynqnucl0l83rl63fi1Wv

Филипче: Мерките на Мицкоски се задоцнети и недоволни, сè е поскапено

Македонија | пред 1 ден

media-library4qm31b5r4falfNrLvzI

СДСМ: „Скандалот со Дака открива бизнис мрежа на власта во енергетиката“

Македонија | пред 1 ден

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања