Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски до Филипче: Во ваш мандат водата била бактериолошки неисправна во многу градови, а вие не сте презеле ништо-Обвинителството да се позанимава со овие наводи од 2019

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
media-librarym2h5ovmc3ocv2NaFw2h

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието, упати критики до лидерот на СДСМ, Венко Филипче, тврдејќи дека за време на неговиот мандат како министер за здравство биле евидентирани бројни случаи на бактериолошки и физичко-хемиски неисправна вода за пиење, без соодветна реакција од надлежните институции.

— реклама —

Мицкоски посочи извештаи од Центарот за јавно здравје – Прилеп од 2019 година, кои, според него, се однесувале на Прилеп, Крушево и Македонски Брод и покажувале неисправни примероци на вода. Тој тврдеше дека во извештаите било наведено дека не биле преземени мерки за надминување на состојбата.

— реклама —

Премиерот изјави дека располага со повеќе вакви извештаи, меѓу кои и за Гостивар и околните населени места, нагласувајќи дека Филипче во тој период бил министер за здравство.

— реклама —

Во однос на актуелната состојба во Гостивар, Мицкоски рече дека бројот на неисправните примероци на вода постепено се намалува и изрази очекување дека во наредните неколку дена граѓаните ќе добијат целосно исправна вода и за пиење.

— реклама —

Тој воедно го повика Јавното обвинителство да ги разгледа наводите содржани во извештаите од 2019 година и да утврди дали постоела евентуална одговорност за непостапувањето по констатираните наоди.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 10 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 19 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 19 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања