ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски до Шилегов: Град Загреб платил двојно пониска цена за противпожарно возило со скала од Град Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
protivpozarno-vozilo

Зошто му требаа сите овие истурени тешки зборови на градоначалникот на град Скопје, Петре Шилегов врз мене? Затоа што е фатен 100:0 со рацете во медот. На страна емотивните излети на Шилегов, ајде малку за фактите.

— реклама —

Зошто невешто се обидува да ја манипулира македонската јавност и скопјани? ..., хммм , напиша на својот Фб профил претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во објавата на ФБ додава:

— реклама —

Знам, еве зошто, на пример моето европско Скопје, сакав како европски Загреб да купи од истиот производител скала со иста должина, обесена на иста каросерија како на пример во европскиот Загреб (слика 1, 2 и 3). Се прашувате која е разликата?

Паааа вака, покрај тоа што Загреб е речиси двојно поголем од Скопје, градот убав наш со Шилегов ја платил нашата противпожарна скала за двојно повеќе од Загреб. Се извинувам ние скопјани ја плативме, истото возило, а некој друг одлучи за поскапа нарачка. Ама очигледно имаме се, но криза немаме, па така градската администрација во Загреб ја платила противпожарната скала со целосна дополнителна опрема за помалку од 800.000 € (https://ted.europa.eu/udl... ), но ние затоа ќе платиме повеќе од двојно, дури 1.700.000€.

Ќе биде градот убав, нашето Скопје европско, ама прво ќе го ослободиме од нашиот сегашен и уште за кратко градоначалник Петре Шилегов, а потоа ќе го направиме вистинска европска метропола.

Крајот Ви се ближи, криминалците ќе одговараат за секоја кражба и секое расфрлање со народни пари.

извор: ФБ Христијан Мицкоски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања