Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски до Заев: 4 недели мислевте што да измислите за Тетово, ова нема да ви помине! За ова ќе одговарате, луѓето живи гореа и бараа помош!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Miting-Gjorce-Petrov-9-06102021

Во овие моменти, дозволете наместо стандардните пораки да се задржам на две многу важни теми кои се случија во последниве неколку дена. Првата тема е реакцијата на Зоран Заев во однос на Извештајот за пожарот во болницата во Тетово каде живи изгореа 14 наши сограѓани, рече Христијан Мицкоски претседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашниот митинг во Ѓорче Петров.

Наместо да имаше целосна истрага, наместо уште првиот ден најодговорните да бидат повикани во обвинителството да даваат искази, да се препотуваат, а премиерот како прво повикан, па потоа и министерот и заменик министерот за здравство да си дадеа оставка, пред се како морален чин, тие мислеа, мислеа неколку недели како да ја одбегнат одговорноста и смислија да обвинат дека крив за 14 жртви бил кабелот од болницата, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски им порача на Заев и Филипче дека лагата дека кабелот и струјата се виновни за изгорените 14 луѓе, нема да им помине и дека кога тогаш ќе одговараат за оваа голема трагија.

— реклама —

Па зарем мислат дека целиот народ ќе им верува во овие глупости, само за да ја одбегнат одговорноста за овој грозоморен настан? Кажете јавно и отворено и признајте дека како што се договарате за тендери, за сите криминални зделки така се договоривте ДУИ и СДСМ да нема одговорност за ова и вината да ја барате во струен кабел или полнач за телефон. Дури и да е така, тогаш кој е одговорен за инсталацијата во болницата? Кој друг освен министерот и заменик министерот за здравство е одговорен за тоа што немало противпожарни апарати и се чувале незаштитени боци со кислород во болницата? Кој друг ако не министерството за здравство е одговорно за слабата изведба на болницата и за тоа што изгоре за не цели 2 минути? Па тоа е дел и од измените на законот за градење што вие ги предложивте. Каде е правилникот што треба министерот да го донесе за пуштање на модуларните болници во употреба? Ова е срам за сите нас! Ова е срам за сите во оваа држава! Четири недели чекавме за вакво фијаско?! Четири недели не отидовте во Тетово да ги погледнете во очи семејствата на загинатите. Четири недели бегате од одговори. Ова нема да ви помине! За ова кога тогаш ќе одговарате сите. Луѓето живи гореа внатре и бараа помош, порача Мицкоски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања