Лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешниот протестен марш изјави дека секоја среда ќе протестираат пред платото на владата со цел да го изразат нивниот револт.
,,Едно големо ,,Уаа” за Зоран Заев. Припадниците на МВР ја чуваат Македонија од тој натрапник внатре кој некаде се крие. Денеска почнуваме и одиме ширум Македонија за викенд. Секоја среда ќе сме пред Владата да го изразиме нашиот револт. Тој ќе биде изразен поинаку, со мирни протести. Нема да бидеме како нив, да кршиме и фрламе, бидејќи ние ова го градевме. Ветија ќе ја тегнат оградата а не ја тргнаа. Што е се плашите од народот?.
Година и половина ја уништуваа Македонија. Ветуваа 5% раст на БДП. Се сеќавата ли на онаа програма која ја нарекоа живот? Пекол донесоа, темнина донесоа кај секој граѓанин на Македонија. Каде се тие 5%? Или ви беше битно да дојдете до фотелјите за да можат тендерите да врват. За да можете во 4 очи да го крадете македонскиот народ. Не ли ви е срам?“, рече Мицкоски.
Според Мицкоски, оваа Влада национално го уништила македонскиот народ и направила македонецот да биде рамнодушен на се. Ќе ви го покажеме местото на следните парламентарни избори, ќе ве поразиме жестокот. Ќе ви покажеме каде припаѓате, на буниште.
„Нема да ви ветиме 500 евра плата, но ќе ви ветиме 500 километри патишта кои ќе ги направиме. Нема да ви ветиме чист воздух како што ветуваше еден политичар, но ќе ветиме 30% намалување затоа што имаме емпириски докажана методологија. Нема да ветиме нешто што не можеме да го исполниме“, рече Мицкоски.
Тој додаде и дека убиства се случуваат по улиците во главниот град, но нема ниту луѓе пред судовите, ниту сторители на тие дела. Каде е сега министерот за внатрешни работи?
„Ќе дојдат избори. Ајде на претседателските жестоко да победи нашиот кандидат. Тоа е првиот чекор кога ќе си ја ослободиме татковината од стегите и прангите, а дотогаш ќе бидеме ширум улиците и плоштадите во Република македонија. Ви ветувам дека ќе работам 3 пати повеќе од нив за да ги победиме и да ја исправиме Македонија на нозе“ изјави лидерот Христијан Мицкоски.