Денес станаа јасни две работи. Првата е дека СДСМ предводена од деспотот Заев е во слободен пад и токму поради штетните политики нивниот рејтинг е во слободен пад, изјави Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција.
„Им следува крај и тежок пораз на претседателските и на предвремените парламентарни избори. Тие се свесни дека народот не ги поддржува. Свесни се дека паѓаат и дека губат и затоа одат на внесување на страв во општесвото и на нова тура политички прогон. Деспотот Заев го гледа својот крај, затоа апси врз основа на изјави на сомнителни лица без докази, на рекла казала муабет.
Овие луѓе не се виновни, народот е разбуден и не се плаши. Зав запамети дека народот не ти се плаши. Ова што го правиш е лудило, ти отчукува часовникот, и да знаш Заев, готов си нема бегање. Апси, можеш и да нарачуваш убиства, нема да ти се исплашиме и ќе те поразиме.
СДСМ знае дека паѓа и сакаат да внесат страв, да го деморализираат ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. Тие сакаат да се збори за пртвори, апсења изживувања, за да не се збори за вакцините, за здравството на Филипче кое убива, за Кочо и Тевдовски кои го осиромашија народот, за очајните земјоделци и злажаните пензионери. Готов си и за тебе крајот ќе биде жесток.
Втората работа која денес стана јасна е фактот дека единствено решение за да стави крај на ова деспотство е жескоко да го поразиме СДСМ на претседателските избори.
Деспотот Заев сака да изпорвоцира реакција од нас, од ВМРО-ДПМНЕ од народот и граѓаните на Македонија. Реакција која значи да се откажеме од претсдателските избори за да избегне пораз.
Знаеме дека овде не е проблемот ниту Спире, ниту Трајко, ниту Миле или пак Никола. Овде е проблемот Заев.
Овде деспотот Заев си игра со судбини на луѓе уценувајќи ги. Овде нема добитници ниту поразени. Со ваква Кацарска судсво и Русковска обвинителство овде нема правда нит пак правдина.
Решението до правда е едно, победа на претседателски и потоа на неминовните предвремени парланментарни избори.
Ајде Заев нема бегање од поразот кој ти следи. Македонија на нозе и ќе ти врати за сите недела кои и ги направи. Притискај, апси, нарачувај убиства, вработувај роднини, но сепак спас ти нема, ќе те поразиме.
За ова што го правиш еден ден, ќе одгвараш и ти твоите соработници. Се ќе се преиспита и ќе стане јасно. Многу високо си летнат, отсутен си од реалноста, ама драматично ќе паднеш.
Сети се на Чаушеску и Милошевиќ, и тие мислеа дека се недопирливи, но знаеш како завршија“, изјави Мицкоски.