Промени тема
Контакт
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието
Претрес за „кумата“: Од „кафански живот“ до вера и дисциплина – но и до центарот на вниманието

Мицкоски: Дрисла е децениски проблем, интензивно работиме на решавање на проблемот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
drisla1

„Ако мислите на ова што се случува на депониите и палењето на истите, можам да кажам дека после успешно завршената сезона на пожари, споредено со другите држави во регионот, каде што имаше жртви, големи населени места беа евакуирани, имаше голема штета во имотот, ние такви случаи немавме, поради добрата организација и навременото постапување“, вели Христијан Мицкоски, претседател на Владата на Република Северна Македонија одговарајќи на новинарско прашање.

Премиерот Мицкоски потенцираше дека проблемот со Вардариште и Дрисла е проблем со децении, но никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање, но како што нагласи веќе работат со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во двете депонии.

— реклама —

„Е сега очигледно на некој тоа му пречеше и периодот на предизборие го користи за да создаде паника и негодување. И го следиме тоа многу внимателно, тоа е проблем создаден со децении, никој до сега не го решил, ниту пак се зафатил со решавање. Ќе ве потсетам кога го имавме проблемот со сметот во Скопје, кога скопските градоначалници се обидоа да го решат проблемот со сметот бидејќи тогаш ЈП Комунална хигиена не работеше, од тогаш за нив познати причини, и да го одложат истото во Дрисла наидоа на затворена порта, а потоа добија и кривични пријави. Тоа беше реалноста“, изјави Мицкоски и додаде:

„Ние и овој случај нема да го оставиме вака, веќе работиме со министерот за транспорт на општествено одговорни градежни компании со кои што ќе донесеме механизација и во Вардариште и во Дрисла, и ќе можеме да дејствуваме внатре се со цел да не се случува ова континуирано. Ќе ве потсетам МВР неодамна имаше акција во дивата депонија Вардариште, замислете дивата депонија Вардариште каде има илјадни милиони килограми смет, не пречела никому, се било тоа со години создавано, но ние ќе го решиме. Впрочем треба да ги решаваме проблемите, а не да очајуваме и во насока на тоа прво имаше акција од МВР, каде што три лица се приведени бидејќи имале нелегални отпади таму, гореле кабли за да добијат бакар, кој што претходно го сечеле и краделе за да можат да го продаваат, и не само бакар туку и друг тип на метали. Исто така пред општествено одговорни градежни компании ќе имаме интервенција во смисла на градежно решавање на овој незаконски, див отпад и ЈП Дрисла. Се надевам дека ќе имаме простор да влеземе внатре. Така што тоа што државата треба да го направи, државата ќе го направи. Но исто така и сторителите ќе бидат откриени и санкционирани. Морам исто така да кажам како човек кој е професор, а не претседател на Влада, како резултат на таа хемиска реакција се создава метан кој е лесно запалива материја, и тука човек не мора да е креативен со еден обичен отпушок може да се случи тоа што се случува изминатите денови.“

— реклама —

Мицкоски порача дека како и многу други работи, така и овој проблем ќе го реши, а се надева дека со новиот градоначалник и трајно ќе се реши ова прашање.

„Така што да сумирам, како и многу други работи кои што ги решивме овие 15 месеци и ова ќе го решиме. А со новиот градоначалник во Скопје јас сум убеден дека и трајно ќе се реши овој проблем, бидејќи тука ни треба фабрика за отпад, тука ни треба производна единица која што ќе го користи метанот за производство на електрична енергија. Така што имаме планови кои што ќе ги имплементираме за трајно решение на овој проблем, не само во Скопје, туку и на цела територија на Македонија“, дециден е Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library58o0pptggnvpf5JpTKc

Мицкоски бара лекарско уверение за раководството на СДСМ

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-librarysq47imp3prd52I9js6f

Мицкоски за реформската агенда: Очекувам многу скоро информација од Брисел со која од последни, повторно ќе сме фронтранери во регионот

Македонија | пред 16 часа

media-libraryargahus95pul9YlCAZg

Мицкоски: СДСМ методолошки шират лаги со цел да обезбедат алиби како да се задржи актуелното раководството после следниот изборен пораз

Македонија | пред 16 часа

media-libraryu2ivd9ct0t055vxvUnF

Мицкоски до Беџети: Никој нема против албанскиот јазик, оваа влада нема да ви дозволи со ситен популизам да играте на чувствата на Албанците

Македонија | пред 18 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања