ВО ЖИВО

„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Мицкоски: Државата бесплатно создава кадар без да го искористи потенцијалот на тие образовани луѓе

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија
slika-1

Денеска Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ со панел дискусија го прослави Светскиот ден на студентите. На панел дискусијата присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, Иванка Василевска член на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ и Јован Јаулески в.д. претседател на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој доаѓа од професорската фела го посочи иселувањето на младите од Македонија  како еден од најголемите проблеми на државата.

— реклама —
NzRNeQ4iDAY

„Студентите се движечката сила на едно општество, моторот на промените, иновативноста, цутот на секое општество. Најдобар синоним за младиот човек е слободата, кога ја има, тогаш тие поместуваат граници, создаваат и креираат критериуми, вредности, а кога ја нема, тие се искрата од која почнуваат промените. Денес за жал нашата земја го живее можеби најцрното време. Студентите ја губат слободата, и некој ќе праша како е тоа можно, можно е кога тие имаат празен стомак, стипендии кои доцнат и не се зголемуваат, услови за сместување кои не се подобруваат, наставна програма која не се реформира, стандарди кои го пробиваат дното, глас на млади кој не се слуша“, вели Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ истакна дека ниту еден универзитет во Македонија не се наоѓа на Шангајската листа на најдобрите илјада универзитети во Македонија, а студентите кога ќе завршат со своите студии не можат да најдат работа.

„Најтешко ми паѓа кога ќе заврши дипломската работа и со колегата студент ќе разговараме околу тоа каде од утре планира да замине, во која држава, во која фабрика планира да работи. Во просек секој втор тоа го прави веднаш по дипломирањето. Во генерација во која дипломираат 40-50 студенти можеби 30-35 студенти одлучуваат да заминат. Од сето тоа губи државата затоа што бесплатно создава кадар за други потреби. Односно троши пари, а тие пари заминуваат трајно, без државата да го искористи максимум потенцијалот од тие образовани луѓе. Има многу мотиви за нивното заминување, а најчест е финсискиот или егзестенцијалниот. Тоа значи дека треба да се обезбеди соодветна добро платена работа и доколку тоа го обезбеди државата, голема е веројатноста дека поголем дел ќе останат“ изјави Мицкоски

Според Мицкоски доколку се привлечат странски директни инвестиции кои добро би ги платиле младите луѓе, тогаш тие многу потешко би се одлучиле да заминат од Македонија.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања