Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски: Државата на чело со Заев не оди кон ЕУ и нема цел кон која се движи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-miting-12

Дури ни 2030-та година не е годината кога Македонија и Западен Балкан ќе бидат дел од Европската Унија, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски на денешниот митинг во општина Ѓорче Петров.

Мицкоски нагласи дека нема Европска Унија со СДСМ, бидејќи се длабоко навлезени во криминал и корупција.

— реклама —

Ако се сеќавате пред три години како СДСМ не убедуваше дека Европската Унија е загарантирана, дека датум сме добиле, дека онаа слика со плаците во авиончето од Заев, Османи и Анѓушев. Не само што со СДСМ нема датум, туку и Македонија ја втурнаа во нова криза во европските интеграции што поради нивниот криминал и заразната корупција ЕУ стана далечна цел. А се сеќавате, ни викаше излезете за Европска Македонија - и ќе имаме бесплатно здравство. Имаше билборди на кои ни порачуваше дека ќе обезбедил бесплатни студии во Европа, 250 илјади евра помош секој ден, 18 милиони евра за реформи во судството и што уште не. А каква е реалноста?

— реклама —

Денеска да може и воздухот што го дишеме да ни го наплати, вели Мицкоски и додаде:

— реклама —

Уште пострашно е што државата на чело со СДСМ нема цел кон која се движи. Со СДСМ нема Европска унија, зошто има криминал, сиромаштија и нема систем. Не може да сме најкорумпирана земја во Европа, а да сме дел од ЕУ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања