Промени тема
Контакт

Мицкоски е само маша на лидерот од Будимпешта, реагира остро владеачката партија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

„Мицкоски за легитимитет да не зборува, тој е само маша на лидерот од Будимпешта. Христијан Мицкоски е последен што може да зборува за легитимитет, тој неговиот го црпи од Будимпешта од каде ги добива сите одобрувања и наредби за својата работа. ВМРО-ДПМНЕ е единствената партија со лидер осуден за криминал кој живее во друга земја, а во партијата има поставено вршител на должност. Премиерот Димитар Ковачевски и актуелната Влада имаат полн капацитет, легитимитет и проширено мнозинство“, стои во реакцијата од СДСМ за изнесени ставови на Христијан Мицкоски.

Тие додаваат:

— реклама —
— реклама —

„Оттаму, наместо постојано да ја оптоварува јавноста со барање избори, Мицкоски да се обиде еднаш да се издигне над партиските интереси и наредбите од Будимпешта и да застане во интерес на граѓаните. Да ги поддржи проектите и реформите во интерес на граѓаните и да покаже државност ако било кога во иднина сака да ја добие довербата од грѓаните.

— реклама —

Деструктивноста на ВМРО-ДПМНЕ ги надминува сите граници, а желбата за избори на сметка на грбот на граѓаните е дегутантна“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања