Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски е самобендисан лицемер, за барањата и условите за избори, не може да се договори ниту во својата коалиција, врати СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-07-at-11.59.34

„Мицкоски е самобендисан лицемер, за барањата и условите за избори, не може да се договори ниту во својата коалиција. Лицемерно е барањето на ВМРО-ДПМНЕ за помалку пратеници во составот на Собранието, тоа е истата партија која со години трошеше пари и организираше избори за дополнителни три пратеници во дијаспората. На тој начин, со изборни неправилности, со едвај стотина гласови ВМРО-ДПМНЕ добиваше три пратеници“, реагира СДСМ.

— реклама —

Тие додаваат:

— реклама —

„За своите барања за предвремени избори и укинување на техничката влада, самобендисаниот Мицкоски не може да се договори ниту во сопствената коалиција, затоа што Алијанса за Албанците не прифаќа укинување на техничката Влада.

Мицкоски е уплашен затоа што неговите градоначалници ништо не работат и ја губат довербата од граѓаните, па затоа постојано ја малтретитра јавноста со барања за предвремени избори.

— реклама —

Во време на криза, институциите треба да се посветат на работа и проекти, граѓаните се уморни од избори и очекуваат конкретни решенија а не нови избори со кои системот ќе застане.

— реклама —

Избори ќе има во редовниот термин, во 2024 година“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања