Промени тема
Контакт

Мицкоски: Гаши наместо Ковачевски да биде мандатар на владата до предвремените избори

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија

Бидејќи Пендаровски бара 61 потпис да застанеме со 61 потпис позади името на Африм Гаши и тој наместо Димитар Ковачевски да биде идниот мандатар бидејќи велеше дека единствена причина заради која ја поддржува влада е да не го кочи евроатланскиот процес кој гледаме дека е закочен. Потоа гледам дека си најде нова причина, а тоа да ги реши економската и енергетската криза, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната прес конференција одговарајќи на новинарско прашања на тема Албанец премиер.

Мицкоски тоа го посочи и како одговор на обвинувањата на соработникот на Али Ахмети во јавноста дека ВМРО-ДПМНЕ прифатила Албанец технички премиер на владата.

— реклама —
— реклама —

- Ние одговоривме дека ова не треба да се третира како етничко прашање, туку како прашање на компетенции и вештини, и дека ние немаме никаков проблем да подржиме ако определена личност која ги поседува компетенциите и има план и визија да работа за добро на сите граѓаните. Ако таквата личност биде предложена од најголемата партија во парламентот, а тоа е ВМРО-ДПМНЕ и ако биде Албанец, очекуваме ДУИ да го поддржи, но стигна реакција од ДУИ дека тие ќе поддржеле ако ВМРО-ДПМНЕ победи на избори и предложи Албанец.

— реклама —

Тоа можеме да го видиме ако се охрабрат и излезат на избори, рече Мицкоски додавајќи дека еве им можност и на Гаши да се покаже но и ДУИ и Али Ахмети да го поддржат него наместо Ковачевски за мандатар на владата.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања