Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Мицкоски: Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата на ВМРО-ДПМНЕ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
Mickoski07062021

Го поздравувам чекорот на СДСМ да ја поддржи Резолуцијата која ВМРО-ДПМНЕ ја поднесе во Собранието. Резолуцијата ги содржи националните црвени линии од кои ниту една Влада не смее да отстапи. ВМРО-ДПМНЕ продолжува да ги обединува сите општествени и политички фактори и да биде носечкиот столб за заштита на националното ткиво и стратешки цели на Македонија. Покажуваме дека обединети сме посилни, напиша на својот Фб профил Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.

Мицкоски во објавата додава:

— реклама —

Се заблагодарувам на МАНУ, УКИМ и МПЦ-ОА за својот придонес со создавање на текстот на оваа резолуција.

Се заблагодарувам на сите политички партии, и од опозицијата и од владејачкото мнозинство кои беа спремни да ја поддржат Резолуцијата или беа спремни на разговор со нас за истата.

— реклама —

Се надевам дека денешната изјава од СДСМ е искрена и се базира на сериозните аргументи кои ги понудивме.

— реклама —

Доколку СДСМ не постапат според денес кажаното или доколку се обидат низ процедурални собраниски трикови да го закочат носењето на оваа Резолуција, тогаш ќе направат штета за Македонија.

Време е Македонија да престане со лошата пазарџиска дипломатија.

— реклама —

Македонија има повеќе ум и мудрост од сѐ што видовме досега.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања