Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Граѓаните да се чувствуваат безбедни, Владата обезбедува безбедна и сигурна европска држава со подобра економија и повисоки плати, а го враќа и достоинството

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
28112024_Mickoski

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања истакна дека граѓаните треба да се чувствуваат мирни и безбедни, безбедносната состојба е стабилна, а Владата носи подобра економија, повисоки плати и го враќа достоинството кое изминатата влада од СДСМ и ДУИ го распродаваше.

— реклама —

„Додека Мисовски размислуваше дека Талат Џафери за него е идол и инспиративен спикер на Собранието, изнесе навреди и квалификации. Чувствувајте се безбедно, се надевам после овие години минати во Парламент, минати на грбот на граѓаните ќе имате богата новогодишна и божиќна трпеза и ќе уживате во мирот и безбедноста што оваа влада предводена од коалицијата „Твоја Македонија“ и ВМРО-ДПМНЕ во која составен дел се коалицијата ВРЕДИ и ЗНАМ овие денови ќе ви бидат безбедни и мирни, не треба да се грижите и за годините кои следат“, изјави премиерот Мицкоски одговарајќи на прашање од пратеникот Горан Мисовски поврзано за безбедносната состојба.

— реклама —

Премиерот Мицкоски му порача на пратеникот Мисовски да ги повика на одговорност сите оние кои му биле идоли и коалициони партнери да се вратат и да дадат одговор пред органите, поради криминалот за кој постојат основани сомневања дека го правеле.

„Во оваа мирна и безбедна Македонија ќе можете да се почувствувате и вие горди кога овие 3% раст од економијата во третиот квартал, сега во четвртиот ќе бидат 4%. Буџетскиот дефицит ќе биде помал од 4% што ќе се намали за прв пат после долги години јавниот долг. Ќе ги гледате среќните лица на пензионерите коишто ќе добијат покачување од 5.000 денари, ќе ги видите радосните лица на вработените во јавната администрација кои за прв пат ќе имаат К15, средства кои за жал вие не ги предвидовте“, изјави премиерот Мицкоски.

— реклама —

Премиерот Мицкоски додаде дека во оваа безбедна и мирна Македонија, вработените во образование и здравство добиваат повисоки плати, и може да си дозволат повеќе од тоа што можеа да си дозволат изминативе 7 години кога влада беше СДСМ и ДУИ, а исто така сега со новата влада има рекордни откупни цени за земјоделците.

— реклама —

„Ќе гледате како министрите од оваа влада која обезбедува безбедна и сигурна европска Македонија се борат да го вратат достоинството кое вие го распродадовте изминативе седум години. Разбирам дека ова вас не ви значи ништо, што е за човек кој нема достоинство да повраќа достоинство, ништо. Ние ќе се бориме да го повратиме тоа кое го распродадовте и секоја година по малку ќе дојдеме до тоа што му е потребно на македонскиот граѓанин“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 15 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 1 ден

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 1 ден

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања