Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски и кажа за политичката ситуација во Македонија на германската министерка за Европа, Ана Лирман

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
slika-1

— реклама —

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Александар Николоски, меѓународниот секретар Тимчо Муцунски и меѓународниот секретар на Унијата на жени Марија Митева оствари средба со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

— реклама —
— реклама —

— реклама —

На средбата се разговараше за актуелната политичка состојба и предизвиците на Македонија во процесот на европска интеграција. Претседателот Мицкоски ја истакна неговата загриженост за добиените извештаи на релевантни меѓународни организации во кои преовладува укажување за постоење на високо ниво на корупција. Тие ја информираа Лирман дека процесот на европска интеграција мора да биде воден низ процес на вистински реформи кои примарно треба да се фокусираат на реформа на правосудството, владеењето на правото и справување со високото ниво на корупција. Воедно, Претседателот Мицкоски ја истакна потребата која ја има Македонија што поскоро да ги отпочне преговорите со ЕУ, заблагодарувајќи се на големата поддршка која Македонија ја добива од страна на Германија, но истовремено потенцираше и дека независно од пристапниот процес недостасуваат вистински чекори по патот на реформите.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања