Промени тема
Контакт
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси
(Не)култура, насилство, национализам, идентитет, „Дајте музика“... - „Претрес“ на Снешка-Смешка Руси

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не го знаат уставот, немаат „п“ од политика, реагираат од СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski

„Додека тераат бесрамна политизација на несреќата во Тетово, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски покажуваат дека не го знаат Уставот, не го познаваат деловникот, дека немаат П од право и политика“, реагираат од СДСМ откако пратениците на ВМРО-ДПМНЕ бараат во Собранието да биде разрешен министерот за здравство Венко Филипче со нивни поднесок.

„По којзнае кој пат ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски се обидуваат да спечалат некој политички поен на национална трагедија, со што само го покажуваат нивното некрофилско, бесрамно лице.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ нема никакво право да се повикува на морал, а уште помалку пак има образ да го оценува работењето на Венко Филипче, затоа што оваа партија со години го саботира неговото работење и се обидува да му наштети на здравствениот сектор.

— реклама —

Сите паметат како ВМРО-ДПМНЕ се однесуваше за време на најголемата пандемија, преку кршење на мерките, ширење лажни вести, потсмевање со вирусот и навреди врз здравствените работници.

— реклама —

ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски наместо да се однесуваат некрофилски, треба да научат што е Устав и Деловник, а потоа да остават започнатата истрага да ги даде сите одговори за пожарот во болницата во Тетово“, додаваат од СДСМ.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања