Промени тема
Контакт

Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не се за единство, туку за саботажа на преговорите, се сомнева власта

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
Screenshot-2021-12-07-at-12.00.19

„Од начинот на однесување јасно е дека ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски воопшто немаат намера да дадат реална поддршка туку да го саботираат целиот процес на преговорите. Не е јасно што точно нуди опозицијата во моментов. Затоа немаме верба во декларативните повици за единство од страна на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски и ги сметаме за неискрени“, вели СДСМ.

Тие додаваат:

— реклама —

„СДСМ вистински гради соработка со сите партии, тоа го покажавме и преку прифаќањето на Резолуцијата за црвените линии во Собранието која е темел на разговорите со Република Бугарија.

Доколку сметаат дека со бесмислени декларации и слични политички трикови ќе се претставуваат конструктивни, тогаш е јасно дека тоа е само уште една манипулација на која СДСМ нема да наседне.

— реклама —

Ако Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ сакаат вистинска конструктивност, нека престанат да опструираат и да креираат хистерија околу разговорите, туку со ладна глава да се обидеме сите да ги надминеме пречките.

— реклама —

Се друго е само дневно политички театар на Мицкоски, очаен обид да го покрие срамот од признанијата на неговите сопартијци во случајот „Титаник““.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања