Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Имаме историска шанса да го добиеме Кичево, Кичево да биде симбол на соживот, а не на поделби

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
media-librarytsp7eooo6lp17jhAV5s

Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, на денешниот митинг од пред платото на Филхармонија, се осврна и на Кичево, и кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Според него, Кичево се наоѓа пред историска можност да избере градоначалник кој ќе ја промовира инклузивноста и соживотот меѓу сите.  Мицкоски рече дека овој избор не е прашање на етничка припадност, туку на вредности и посветеност на сите жители на Кичево со цел градот да стане симбол на единство, прогрес и историска победа за сите.

— реклама —

,,Дваесет години таму немало градоначалник што ја носи нашата програма, нашите вредности, немало човек кој гледа за сите, туку гледал само самиот за себе си. Дваесет години градот беше под управување, кое често ги делеше луѓето по вера, народност или партија“, вели Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски повика на единство меѓу сите заедници во Кичево, апелирајќи до Македонците, Албанците, Турците, Власите, Ромите, Србите и Бошњаците.

,,Вечерва испраќам од овде од Скопје порака до сите кичевчани  и Македонци, и Албанци, и Турци, и Власи, и Роми, Срби, Бошњаци. Излезете во недела и гласајте за човекот што ќе биде градоначалник на сите! Да се обединиме околу идејата дека Кичево може да биде симбол на соживот, а не на поделби. Да ја направиме историјата вистина, првпат по две децении, Кичево да има градоначалник кој не прашува „чиј си“, туку „што можеме да направиме заедно“, додаде Мицкоски.

— реклама —

Тој истакна дека оваа победа ќе биде заедничка за сите граѓани на Кичево и дека Владата ќе го поддржува Кичево во напорите да го подобри животот на сите жители, и додаде дека оваа промена не е прашање на етничка припадност, туку на човечка посветеност.

— реклама —

,,Тоа ќе е заедничка историска победа на сите граѓани на Кичево, а ние како Влада ќе го помагаме Кичево максимално, во свои напори да го подобри животот на сите негови граѓани. И тука нема етничка приказна, туку сосема човечка димензија. Ова не е повик за етничко гласање туку за гласање за човек, за човек Македонец со сопруга Албанка, кои се пример за вредности и сила, човек кој ќе работи за сите, за своите кичевчани, ќе биде градоначалник буквално за сите и за Македонците, и за Албанците, ќе ги помага и ќе биде коректен, и за Турците, Ромите, Власите, Бошњаците. Со сите кои таму живеат без разлика на партија, етникум и верска определба. Тој е човек и ќе работи за Кичево“, посочи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 23 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања