Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Излезете на избори и не дозволувајте да ви ја украдат иднината

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Македонија
slika-2

„Сакам најголемиот аларм да го испратам до луѓето во Пробиштип, до луѓето во Македонија, излезете на избори за да не дозволиме да ни ја украдат иднината. Излезете рано наутро што е можно помасовно, што е можно во поголем број. Не постои власт која може да победи со поткупени гласови, колку што може народ да излезе и да ги казни тие што ја одземаат заедничката иднина“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митингот во Пробиштип.

— реклама —

Мицкоски додаде дека луѓето од власта не се посилни од народот. Сега е моментот кога се одлучува за иднината. Или народот, или бандитите на власт.

„Излезете масовно, стари и млади, земјоделци, вработени и невработени, професори, наставници, доктори, пензионери, студенти гласајте во недела. Уште утрината. Гласајте за да не биде предоцна, Гласајте за да создадеме заеднички нова иднина“, рече Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски вети дека ќе го врати достоинството и насмевките во општина Пробиштип и Македонија. И дека по четири години кога ќе дојде тука во Пробиштип, ќе дојде со гордо крената глава и ќе говорат за новата иднина која ќе ја донесат.

— реклама —

„Ние мораме да воочиме дека ниту едно оружје на светот, не е толку за застрашувачко како волјата и моралната храброст на слободните индивидуи кои сами одлучуваат, на луѓето кои се хероите на нашето време поради кој мораме заеднички да го менуваме системот“, нагласи Мицкоски.

Мицкоски посочи дека хероите се луѓето од секојдневието, комшии, пријатели, познаници, работниците.

— реклама —

„Херои се луѓето кои не ги познаваме, но имаат срце за оваа земја и нивната надеж која нема да ја разочараме. Хероите се младите луѓе кои се борат и сонуваат за Европа која досега за жал не им ја овозможивме, земјоделците кои што бараат достоинствено да им се плати трудот, докторите кои бараат достоинствени услови, наставниците и професорите кои бараат повисоки плати. Ние ќе се жртвуваме за нив, ние нема да се предадеме, ниту сега, ниту некогаш во иднина“, истакна Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања