Мицкоски: Ќе дадам се од себе да ја сменам реалноста со штетните договори со Грција и Бугарија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

„Нашиот став кон тие прашања ако конкретно алудирате на тие два договори сме го кажале многу пати во минатото, апсолутно ниту имам што да додадам, ниту што да одземам од тоа прашање. Истовремено на многу мои настапи во изминатиов период сум го кажал и последниот наш став, а тоа е поврзан со сето она кажано во минатото дека ние би биле лицемери ако кажеме дека ја игнорираме реалноста“, истакна лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување на емисијата „Топ Тема“.

— реклама —

Мицкоски додаде дека не може да се игнорира реалноста бидејќи се учествува на избори, и си дел од влада каде што за жал постои новата придавка на името. Тогаш тој би бил лицемерен ако пред избирачите и пред граѓаните каже дека тоа не е така. Тогаш граѓаните на тоа сигурно би кажале зошто тогаш учествува на избори.

„Моето демократско право е ако со нешто не се сложувам дека ќе се трудам да дадам се од себе за да променам таа реалност ако за нешто ценам дека е ускратено моето елементарно право, ако ценам дека може да биде подобро“, нагласи Мицкоски.

— реклама —

Мицкоски посочи дека никогаш нема на пример да се сложи дека Гоце Делчев бил нешто друго, а не Македонец. Не може да се сложи дека македонскиот јазик е дијалект на бугарски.   Не може да се исполнуваат ставки од договорот со јужен сосед предвреме. Нема да се сложи да се откаже од своите сонародници кои живеат во соседните држави.

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Gjorgija-Sajkoski-21.03.2024

Сајкоски: Македонски Брод со скромниот буџет и посветеноста на градоначалникот се развива секој ден

Македонија | пред 1 година

naum-1

Стоилковски: Заеви соочени со пораз, купуваат куќа на грчкиот брег, а во Бугарија ги селат фирмите

пред 5 години

Hristijan-Mickoski

Писмо од Христијан Мицкоски - Писмо од Македонија

пред 5 години

pecak-1

Пецаков: Во Собранието на Македонија се обврзувам да бидам претставник на сите граѓани, совеста и чесноста

Слајдер | пред 5 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања