„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: Ќе нè биде – го давам секој атом од енергијата за иднината на државата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Македонија
mickoski

Премиерот Христијан Мицкоски во обраќањето по повод Денот на независноста порача дека правдата е неизбежна и ќе стигне до сите кои нечесно се стекнале со богатство.

— реклама —

„Народот има впечаток дека тие кои нечесно заработуваат, не одговараат, но јас ви ветувам – нема милост за никој. Сега или малку подоцна, правдата е неизбежна и ќе ги стигне“, рече Мицкоски.

Тој истакна дека граѓаните со години се разочарани од системот поради примери што ги даваа политичките елити, неправедните политики и криминалот кој, како што рече, ја разјадувал државата. „Правдата не смее да прави разлика кој од каде е, на која политичка страна припаѓа или колку пари има, туку само дали прекршил закон или не“, додаде премиерот.

— реклама —

Мицкоски порача дека Македонија мора да се движи напред со заеднички напори: „Залудна е мојата лична среќа ако мојот сосед е несреќен. Или ќе нè биде, сега и овде, или немаме шанси повеќе. А јас ви велам – ќе нè биде! Мора да нè биде. За таа цел го давам секој атом од енергијата“.

Тој нагласи дека не ја презел функцијата за лична корист, туку за да остави трага и иднина за граѓаните. „Нашата татковина има иднина и сите ние мораме да придонесеме. Јасно да зборуваме за работите кои се закана за нашето општество“, изјави премиерот Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

Нема фотографија

Иванов: Со договорот од Преспа го негирате македонскиот народ, а со Законот за јазици ја демонтирате државата

Македонија | пред 7 години

gjorge-ivanov-1

Иванов до пратениците: Смирете се, соберете си ги фрустрациите

Македонија | пред 7 години

gorge-ivanov

Иванов октирва: УБК е главен инструмент за уцена

Македонија | пред 7 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања