Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Мицкоски: Ќе поддржиме минимална плата, но тие мислат дека предавството ќе го покриваат со пари

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski-956

„За што се платени политичарите од власта (како што би рекол Пендаровски) и нивните лакеи? На денот кога се навршија 150 години од раѓањето на големиот македонски син Ѓорѓи Делчев, ниту Пендаровски ниту Ковачевски се осмелија да изустат, а камоли да напишат дека Ѓорѓи Делчев бил Македонец, историчарот Ѓорѓиев (копретседател на комисијата за историски и образовни прашања) тврди дека Бугарија во втората светска војна не била фашистички окупатор, а СДСМ одбива да ја поддржи Декларацијата која ВМРО-ДПМНЕ ја предложи во парламентот за великанот македонски Ѓорѓи Делчев со изговор дека тоа било факт. За истиот тој факт и Ковачевски и Пендаровски се плашат дури и да шепотат, а камоли да кажат дека Делчев е Македонец“, напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Тој додава:

„За само неколку дена на трипати ги сронија македонските преговарачки позиции што со децении беа создавани.

— реклама —

И да, овој срам, како што тоа бива според матрицата на вистинскиот стопан на Ковачевски, а тоа е Зоран Заев, на спектакуларен начин се постигна договор со лакејот од синдикатот за минималната плата. Со високо кренати раце лакејот и Ковачевски го прославија “невидениот” успех постигнат со Владата. Истата таа Влада до 4 февруари оваа година, за нешто повеќе од еден месец, сите македонски граѓани ги задолжи за дополнителни 135 милиони евра или секое семејство за речиси 17 илјади денари.

— реклама —

Предавството мислат дека ќе го покриваат со пари и така ќе купат колку-толку поддршка од граѓаните кои ги ограбуваат секој ден.

ВМРО-ДПМНЕ ќе го поддржи зголемувањето на минималната плата во парламентот, едногласно, но истовремено ќе интервенира амандмански во законот и ќе бараме доследно почитување на колективните договори и коефициентите на сложеност на работните места, кога се исплаќаат платите на сите вработени во администрацијата. Да има за сите, а помалку да има корумпираната Влада да краде. Очекуваме веднаш ребаланс на буџетот и зголемување на дотациите за општините од страна на Владата за целосно почитување на правата на сите вработени во образованието, градинките и администрацијата.

— реклама —

Истовремено очекуваме од СДСМ конечно да се оддели од политиките на Зоран Заев и да ја поддржи декларацијата за Ѓорѓи Делчев, барем еднаш да покажат дека навистина им значат македонските национални интереси, а не криминалот на кланот кој од позадина ја води партијата и владата!“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 9 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 9 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 9 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 9 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања