Промени тема
Контакт

Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство само ако го поддржи европскиот пат, вели СДСМ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 години -

Македонија
2-2

Пред сите партии и пратеници во македонското Собрание е одлуката: интеграција во ЕУ или изолација, нема друга опција, вели СДСМ

— реклама —

„Мицкоски ќе покаже дека навистина е за единство и за реализација на националните и стратешките цели на земјата само доколку го поддржи европскиот пат и потребните реформи.

После 17 години стоење во место, започнавме преговори со ЕУ со заштитен македонски јазик и идентитет. Скринингот тече одлично и наскоро ќе финишира.

— реклама —

Државата има историска шанса за продолжување на европскиот пат.

— реклама —

Имаме силна поддршка од ЕУ и САД во значаен геополитички момент којашто треба да ја искористиме затоа што следна ваква шанса, ниту нов договор нема да добиеме.

Сите политички субјекти, вклучително и ВМРО-ДПМНЕ имаат обврска пред граѓаните и иднината на државата, со глас за Европа да дојдеме до остварување на уште една стратешка цел – членство во ЕУ.

— реклама —

Мицкоски се уште има шанса да се претстрои на страната на државните интереси и да се приклучи на европскиот пат“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања