Промени тема
Контакт

Мицкоски: Ќе покажеме дека можело поинаку овие 30 години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
7

„Јас не би се сложил дека е тоа политички спектакл, мислам дека граѓаните генерално во Македонија, народот на Македонија без разлика дали се тоа Македонци, Албанци, Турци, Власи, Бошњаци, Срби, Роми и останати се незадоволни од денешната политичка реалност. ВМРО-ДПМНЕ е политичка партија овие четири години помина низ многу премрежја и низ многу предизвици, јас сум убеден дека минатата година да не се случија сите овие злоупотреби, кои што би рекол беа фолклор од оние вонредни состојби кои што на дневна основа или по потребите на власта ги штанцаше Стево Пендаровски и тогаш ќе се случеше голема победа на опозицијата. Но, тоа е една друга тема за која што сме зборувале во Вашата емисија и не би се навраќал назад. Мислам дека вложивме многу како луѓе, и мислам дека имавме една свежа кампања со јасни пораки за многу теми, кои што ги тиштат граѓаните и направивме резултат од кој што би било неискрено да кажеме дека не сме задоволни. Задоволни сме од резултатот, бидејќи имаме еве околу 320 и неколку илјади гласови за кандидатите за градоначалници, што навистина претставува солиден резултат имајќи предвид дека ние немавме кандидати за градоначалници во многу општини во кои што во минатото традиционално сме имале“, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р. Христијан Мицкоски во гостување во емисијата на телевизија Клан.

— реклама —

Мицкоски додаде дека на ваква ниска излезеност на локалните избори од 51,5%, ВМРО-ДПМНЕ доби над 320.000 гласови. ВМРО-ДПМНЕ доби над 70-тина советници ширум Македонија. Во градот Скопје ВМРО-ДПМНЕ доби убедлива победа. Пет општини во првиот круг ВМРО-ДПМНЕ во Скопје ги освои, дури и партијата има мнозинство на советници во Град Скопје.

— реклама —
— реклама —

„Во вториот круг сме во 28 општини во цела Македонија така што ценам дека навистина направивме солиден добар резултат. Продолжуваме со истото темпо, мораме да направиме резултат со кој што на крајот нели од локални избори ќе покажеме, докажеме дека можело во Македонија поинаку изминативе 30 години“, нагласи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања