„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Мицкоски: Лошото менаџирање и управување на енергетските компании ќе доведе до ценовен шок на електричната енергија

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
mickoski27052021

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при посетата на Општина Прилеп во изјава за медиуми рече дека криминалниот скандал за изнудата на 250 илјади евра од РЕК Битола и лошото менаџирање со енергетските компании се поврзани работи. И според него, тоа ќе предизвика ценовен шок, односно поскапување на електричната енергија во државата.

— реклама —

Лошото менаџирање со енергетските компании ќе предизвика ценовен шок, односно зголемување на цената на електричната енергија. Струјата ќе поскапи како за граѓаните така и за оние кои добиваат сметки кои што универзалниот снабдувач или ЕВН кој ги испорачува. Во случајов го имаме овој криминален скандал кој што вчера ВМРО-ДПМНЕ го соопшти на брифингот за новинарите. Но, тој е еден од многуте што доведе да лошо се менаџира и управува со ресурсите како што се јагленот и водата. И тоа понатаму имплицира зголемување на цената на струјата.

Мицкоски од Прилеп исто така соопшти дека фокус на ВМРО-ДПМНЕ е ќе биде енергетиката и вложување во чиста енергија, но балансирано да не доаѓа до ценовни шокови како што сега ќе бидат предизвикани од СДСМ.

— реклама —

Ќе вложуваме во избалансирана енергија, бидејќи сега нема никакви вложувања ниту во чистата ниту во друг тип на енергија. Но, за да го реализираме сето она на што сме се обврзале потребно е да ја добиеме довербата од граѓаните и да покажеме дека може поинаку, посочи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања