Промени тема
За нас
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...
„Претрес“ на Жерновски: Поскапувања, политиката, лицемерието, Филипче, СДСМ...

Мицкоски: Маричиќ призна дека злоупотребуваат европско знаменце за да ги изгласаат законите за коридорите, затоа и Ковачевски бега од дебата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Македонија
Hristijan-Mickoski

Вицепремиерот задолжен за eвропски прашања, значи оној кој треба да ја интегрира државата вели дека било оправдана одлуката да се злоупотреби европското знаменце за изградба на коридорите 8 и 10Д. Значи оној кој треба да ја интегрира државата во ЕУ го злоупотребува знаменцето на ЕУ само за да пројде случај каде има основан сомнеж за епски криминал. А, не му кажале дека прашањето за почитување на законите и Уставот не е прашање на негова желба, туку негова обврска, рече претседателот проф. др. Христијан Мицкоски на вчерашната трибина на ВМРО-ДПМНЕ во Тетово.

— реклама —

Тој потенцира дека власта сето ова го прави затоа што на сила бутка нешто што нема никаква врска со Европска вредност туку со богатење и личен профит. И затоа кон државниот буџет се однесуваат како дупната вреќа пари, па на уште не фрлена лопата за пенали и аванси плаќаат над 300 милиони евра.

— реклама —

И затоа Ковачевски ако е во можност ќе фати усвет дури до Сент Китс и Невис само да не дојде на дебата со мене за овој штетен договор со кој ја ставија државата во подредена положба, кажа Мицкоски и продолжи: - А му понудив, но знам дека тој е кукавица и се крие во глувчешка дупка, да ја собере цела влада и Али Ахмети, да изберат време и медиуми и да кажат јас ќе дојдам и ќе дебатираме за сите штетни политики и за овој штетен епски криминален договор.

— реклама —

Мицкоски кажа дека на ваквиот однос на власта кон државата, парите на граѓаните и самите граѓани мора да му се стави крај.

Заедничкиот патриотизам треба да даде одговор на она што реално му треба на народот. Заедничкиот патриотизам значи доближување на политиката до народот и негово поголемо учество во заедничките работи. Заедничкиот патриотизам треба да ја врати надежта, но и мотивот за борба тука во родните огништа. Да ги вратиме луѓето тука во Македонија, ќе бидеме патриоти ако создадеме иднина тука и перспектива тука за сите луѓе, заклучи Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 5 месеци

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 5 месеци

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 5 месеци

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања