Промени тема
Контакт

Мицкоски: Минатото не учи дека ако се има верба во сопствениот народ, може да се направи подобро утрe

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
6

Честитка по повод празникот Богојавление Христово - Водици, од претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски

До: Поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, Архиепископ Охридски и Македонски Г.Г. Стефан

Дозволете ми во мое лично име и во име на ВМРО-ДПМНЕ на сите православни христијани во Македонија да им го честитам големиот христијански празник Богојавление - Водици.

— реклама —

Овој празник на крштевањето на Исус Христос во светите води на реката Јордан ја има симболиката на духовното раѓање и прочистувањето. Овој ден ја носи пораката на големата верба и надеж дека секое искушение и предизвик може да биде надминат ако сме водени од љубовта кон Бога, љубовта кон своите ближни, кон нашите пријатели и соседи. Само во духот на милосрдието и посветеноста кон добрите дела, ќе црпиме сила за заеднички да го постигнеме напредокот на нашата татковина Македонија.

Вербата и сплотеноста, велат, планини поместува. Нашиот предизвик е заедно со народот оваа апатичност, безнадежност и секојдневните порази со кои денес живееме, да ги замениме со перспективност, развој и среќа на граѓаните. Нашата цел е да ја промениме тажната реалност, која поради нивната неодговорност и неспособност, елитите ја преставуваат како неизбежност. Минатото не учи дека ако се сака и ако се има верба во капацитетот на сопствениот народ, може да се направи подобро утре. Традицијата и заедничките вредности покажале низ историјата дека можеме заедно да градиме подобра иднина за сите.

— реклама —

Нека денешниот празник донесе мир, спокој, добро здравје и бериќет за сите во Македонија.

— реклама —

Бог се јави!

Нека е честит и за многу години големиот христијански празник Богојавление Водици!

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања