Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Мицкоски: Мојот нов мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ ќе го посветам на подобар живот и услови за секој граѓанин, ќе има промени и во партијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 11 месец -

Македонија
media-library5ppqd8v0956bfuncNx4

На конгресот во Кавадарци ќе бидат донесени неколку стратешки документи, со коишто ќе треба да ја моделираме иднината на партијата и нормално како најголема политичка партија во државата, тоа секако ќе има и ефект врз работењето на Владата, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во вечерашното гостување во емисијата ,,360 Степени“ на МТВ.

Претседателот Мицкоски истакна дека ова е негов трет мандат, потсетувајќи се дека официјално ја презел партијата во една тешка и сложена состојба, но дека успеал да ја консолидира партијата и да издвојува убедлива победа на парламентарните, претседателските и локалните избори.

— реклама —

„Јас официјално партијата ја зедов од 2018-та година во една многу тешка и сложена ситуација, во едни многу тешки и сложени околности за Македонија и генерално за граѓаните. Ако мојот прв мандат за претседател на ВМРО-ДПМНЕ го одбележа времето на консолидирање, реструктурирање, и прегрупирање на внатрешните редови, потоа тоа продолжи во вториот мандат кога партијата победи убедливо на парламентарните и претседателските избори, на крајот на првиот мандат победивме убедливо на локалните избори, и враќање во позиција во која денес се наоѓаме да биде ВМРО-ДПМНЕ најголемата партија и веќе година и половина носител на владата“, рече тој.

Претседателот Мицкоски нагласи дека овој трет мандат како претседател на ВМРО-ДПМНЕ очекува да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата.

— реклама —

„Очекувам третиот мој мандат на чело на ВМРО-ДПМНЕ да го одбележи периодот на големи реформи и подобар живот за граѓаните во државата“, потенцираше Мицкоски и додаде дека ќе има промени во партијата.

„Сè уште не сум размислувал за какви промени ќе има после конгресот. Фокусирани сме на конгресот и на тоа што таму ќе го донесеме одлуки и за функционирање на партијата. Но, дека после конгресот ќе има промени во рамки на партијата“, да ќе има, дециден е тој.

— реклама —

Во однос на имињата кои се спомнуваат за генерален секретар на партијата, Ѓорѓија Сајкоски, Ивица Томовски и Драган Ковачки, Мицкоски кажа дека не би коментирал, но сите имиња кои се спомнуваат се личности коишто оставиле белег во рамките на партијата.

„Не би коментирал сега за било какви имиња или за било какви би рекол поместувања во рамките на водството на партијата. Сите овие имиња коишто ги спомнавте се луѓе коишто оставиле белег во рамките на партијата изминатите години. Сите тие се прекрасни луѓе, тоа се мои пред сè другари и луѓе со коишто сме се бореле за да постигнеме и да издвојуваме победи на изборните циклуси, но и во секојдневни победи во предизвиците коишто ги имаме. Така што секој од нив е значајна алка во рамките на функционирањето на ВМРО-ДПМНЕ“, вели Мицкоски.

— реклама —

За тоа дали се планира промени на потпретседателските места, Мицкоски потенцираше дека сè уште нема одлука со кои предлози ќе излезе пред Централниот комитет, мора прво да заврши конгресот, па потоа да донесе одлука.

„Не сум донел конечна одлука за тоа кој идеи и кои предлози ќе излезам пред Централниот комитет откако ќе заврши конгресот. Најпрво првиот чекор, да ја добијам довербата на делегатите на конгресот, да бидам претседател на ВМРО-ДПМНЕ, па дури потоа ќе можеме да зборуваме за чекорите коишто ќе следат потоа“, порача Мицкоски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryp7u1ooug0nul7r2X39C

36 години ВМРО-ДПМНЕ Центар: Мицкоски најави нови предизвици и активности

Македонија | пред 13 часа

— реклама —
media-libraryjspb9ev6det5aGJST3S

Мицкоски по изјавата на Ходаи: Непристојно е навредувањето на професорите, јас сум пријател и поддржувач на студентите

Македонија | пред 22 часа

media-library4pbhlern6kbb1x9PMgE

Мицкоски очекува аукцијата за отуѓување на акциите на Алта банка да биде закажана кон крајот на овој месец

Македонија | пред 22 часа

media-library3t24igegg1mf1eZH7DS

Мицкоски за „Алта банка“: СДСМ се радуваат на црни сценарија, ние се обидуваме од петни жили да најдеме решение

Македонија | пред 3 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања